Мур го победи Шортс во евролигашкиот дуел на македонските Американци!
Шортс индивидуално беше подобар, постигна 19 поени, имаше шест асистенции и три скока, Мур реализираше девет поени, имаше пет скока и четири асистенции.
Но, Мур беше оној кој што се израдува на победата, а таа беше обезбедена со пресврт во второто полувреме.
Панатинаикос добро го почна мечот, по првите две четвртини имаше предност од 44-38. Но, на почетокот од вториот дел Валенсија влезе многу подобро и веднаш направи пресврт, а предноста ја одржа до крај за победа од 89-79.