Барселона подготвува спектакуларно збогување со Меси

Шпанскиот шампион Барселона повторно посочи дека не работи на враќање на аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси, иако имаше такви шпекулации во изминатиот период.

Аргентинецот има договор со Интер Мајами и најверојатно таму ќе ја заврши кариерата, а претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кажа дека каталонскиот гигант ќе му подготви спектакуларно збогување кога ќе дојде моментот.

„Ќе го поздравиме пред полн стадион, со 105.000 навивачи на Барселона кои ќе му се заблагодарат за сè што направи за нашиот тим“, кажа Лапорта.