Голема победа за ракометарките: Македонија ја расплака Турција во Анкара!
Двете екипи понудија израмнета игра во првото полувреме, а резултатот на пазуата беше 12-12, по што Македонија влезе подобро во вториот дел.
Македонија имаше предност од 24-22 на десетина минути пред крајот, по што Турција се обиде да го возврати ударот, но нашите ракометарки успешно се бранеа, а потоа ги казнуваа грешките на домаќинот за на крајот да слават со 29-26.
Најефикасна на теренот беше Ризоска со 11 голови, додека Седлоска запиша пет погодоци.
Македонија утре ќе игра против Словенија од 12 часот, а потоа следи пресметка против Словачка на 7 декември од 10 часот.