„Бомбата“ на Кузмановски против Загреб е во топ-5 голови на колото во ЛШ! (ВИДЕО)

Ракометарот на Пелистер, Филип Кузмановски доби признание од Европската куќа на ракометот (ЕХФ) откако еден од неговите голови против Загреб беше избран во топ-5 голови на колото во Лигата на шампиони (ЛШ).

Кузмановски на истекот на 14. минута од натпреварот испрати вистинска „бомба“ и ја „скина“ мрежата на хрватскиот тим, а ЕХФ го избра голот за трет најдобар во колото.

Пелистер, сепак, го загуби мечот со 23-27 и си ја искомплицира борбата за пласман во плејофот во елитното натпреварување.