Антони се повреди – неизвесен за дуелот со Барса
Крилниот играч, кој почна како стартер, излезе од стадионот Сиутат де Валенсија, предизвикувајќи загриженост само два дена пред клучниот натпревар со Барселона.
„Има време да заздравам“, рече тој по мечот, прашан за болката во скочниот зглоб. Во таборот на крилниот напаѓач постои оптимизам дека тој ќе биде достапен за натпреварот во сабота, но никој со сигурно не може да потврди дека ќе игра.
„Зелено-белите“ минуваат низ тежок период обележан со повреди. Минатата недела, тимот ги загуби Иско и Софијан Амрабат, кои беа повредени за време на натпревар од евро-куповите и сè уште не се вратиле на теренот. Неколку дена претходно, Хектор Белерин и Џовани Ло Селсо беа отстранети од составот, пропуштајќи го дербито на Севиља, но има најави дека ќе бидат на располагање за мечот со Барса. Сега сите очи се насочени кон Антони, чие учество против Барса е под знак прашалник поради повреда здобиена во куп натпреварот. Пелегрини му ја даде својата доверба како стартер откако Бразилецот го пропушти натпреварот против Севиља поради суспензија.
Се очекуваше Антони да биде една од клучните фигури во составот на Бетис за натпреварот против Барселона во сабота. Крилниот напаѓач ќе направи сè што може за да се опорави на време, бидејќи не сака да пропушти уште еден голем натпревар откако не играше во дербито. Во меѓувреме, Пелегрини се надева дека ќе може да смета на еден од своите највлијателни играчи. Одбројувањето веќе започна, но клубот нема намера да презема непотребни ризици со оглед на тешкиот распоред што претстои.