ФФМ најави: „Јако“ оди во историјата, Македонија добива нов спонзор! (ВИДЕО)

Фудбалската федерација на Македонија преку кратко видео на социјалните мрежи го најави новиот дрес на репрезентацијата кој ќе биде креиран и од нов спонзор.

Имено, ФФМ ја завршува соработката со „Јако“ и ќе се приклучи кон семејсвото на „Адидас“.

„Наскоро, 3 линии ќе ги обојат нашите бои“, најавуваат од ФФМ.

Во видеото на социјалните мрежи се прикажани и сите дресови кои ги имала репрезентацијата од нејзиното формирање до денес.

Со новиот дрес, Македонија би можела да дебитира во баражот за Светското првенство во кој ќе играме против Данска во март.