Елмас сведочеше на најсилно изведениот пенал во историјата – шутираше голман (ВИДЕО)

Српскиот репрезентативец во дресот на Наполи, Вања Милинковиќ-Савиќ, е на чекор до влез во историјата, откако неговиот удар од белата точка на мечот против Каљари, според првичните проценки, достигнал повеќе од 130 километри на час, што би значело нов светски рекорд.

Доколку официјалните мерења го потврдат ова, соиграчот на нашиот Елиф Елмас ќе стане сопственик на најмоќно изведениот пенал досега. Интересно е што се уште актуелниот рекорд го држи англиската фудбалерка, Кло Кели, која со овој удар годинава ѝ ја донесе европската титула на Англија.

Снимката од моментот веќе се шири на социјалните мрежи и предизвикува внимание поради неверојатната брзина и сила на ударот.