Дончиќ вечерва нема да игра за ЛА Лејкерс – мораше итно да летне за Словенија!

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ, нема да настапи на вечерашниот натпревар против Торонто Рапторс, откако замина во татковината поради раѓањето на неговото второ дете, пренесуваат американските медиуми.

Дончиќ и неговата свршеница Анамарија Голтес веќе имаат ќерката, а семејството сега го очекува и второто дете, што е причината за ненадејното заминување на ѕвездата на Далас.

Ова значи дека „езерџиите“ ноќеска (1.30 часот) ќе се обидат да ја надополнат празнината и да го совладаа составот од Канада без помошта на својот најдобар играч.