Јокиќ пак блескаше, но не беше најдобар во Денвер - негов соиграч постигна 50 поени (ВИДЕО)
Канадскиот бек уфрли 52 поени и реализираше 10 тројки од 11 обиди, иако до последен момент беше неизвесно дали ќе настапи поради повреда. Покрај него, Никола Јокиќ одигра уште една многу солидна средба со 24 поени, 13 асистенции и осум скока, иако и српскиот центар се мачи со повреда. Мареј стана трет играч на Денвер со најмалку 50 поени оваа сезона, по Арон Гордон и Јокиќ. Според статистиките, првпат во историјата на НБА во првите 21 натпревар од сезоната еден тим има тројца различни кошаркари со партии од најмалку 50 поени.
Кошаркарите на ЛА Клиперс, пак, ја прекина серијата од пет порази со победа во Атланта (115-92). Мечот го одбележа и контроверзата, откако само неколку часа пред почетокот клубот се раздели со легендарниот плејмејкер Крис Пол, по што домашната публика му скандираше на ривалот „Каде ви е Крис Пол?“.
Изненадување на вечерта направи Портланд кој славеше во Кливленд (122-110) и му нанесе прв пораз на Кавалирс сезонава од екипа со негативен рекорд и покрај 35-те поени на Донован Мичел. Милвоки дојде до херојски триумф над Детроит (113-109), иако Јанис Адетокумбо го напушти теренот по само три минути, а Бакс имаа и негатива од 18 поени.
РЕЗУЛТАТИ: Кливленд - Портланд 110-122, Индијана - Денвер 120-135, Орландо - Сан Антонио 112-114, Атланта - ЛА Клиперс 92-115, Њујорк - Шарлот 119-104, Чикаго - Бруклин 103-113, Хјустон - Сакраменто 121-93, Милвоки - Детроит 113-109, Далас - Мајами 118-108.
ФОТО: X / @nuggets