Магиja на Нејмар во најважниот меч сезонава – ова не го направил уште од ПСЖ (ВИДЕО)
Поранешната голема ѕвезда за само 17 минути во второто полувреме го реши прашањето на победникот и покрај повредата на левото колено, поради која настапува со специјални третмани кои му овозможуваат да ја контролира болката. Според најавите од Бразил, веднаш по завршувањето на сезоната го очекува артроскопска операција на менискусот. Нејмар со трите гола стигна до 11 погодоци и четири асистенции на 29 натпревари сезонава.
Хет-трикот против Хувентуде е негов прв по април 2022 година, кога последен пат постигна три гола на еден меч носејќи го дресот на ПСЖ. Овојпат го отвори резултатот во 56. минута по брза контра, потоа погоди на нафрлување од Игор Винисиус, а третпат беше прецизен од белата точка. Во 83. минута беше заменет, придружен со овации од навивачите.
Триумфот значително го оддалечи Сантос од зоната за испаѓање. Еден натпревар пред крајот, клубот има два бода предност пред Виторија, која се наоѓа на последното место што води во понизок ранг. Во последното коло следната недела, Сантос го пречекува Крузеиро на „Вила Белмиру“, а евентуален триумф би го осигурал опстанокот во елитата.