Спалети не може глава да крене, остана без уште еден фудбалер

Во редовите на Јувентус во последниот период немаат среќа со здравствениот билтен, па така откако се повреди Душан Влаховиќ, сега Спалети и остана без дефанзивецот Федерико Гати.

Гати се повреди во вчерашниот натпревар против Удинезе од Копа Италија кој Јувентус го доби со 2-0.

Деенеска врз него беа направени прегледи кои покажа дека има проблеми со менискусот и ќе паузира најмалку еден месец, со што го остави Јувентус во незгодна ситуација.

Покрај Гати, Спалети во одбраната за дуелот со Наполи не може да смета уште на и на Бремер и Ругани. Во овој момент од фудбалерите кои играат централно во одбраната кај Јувентус се здрави само Кели и Калулу, тука е и Копмајнерс кој веројатно принудно повторно ќе мора да биде повлечен.

Натпреварот помеѓу Наполи и Јувентус е закажан за в недела во терминот од 20:45 часот.