Шампионот меле сѐ пред себе -  стигна до 13 победи по ред (ВИДЕО)

Бранителот на титулата во НБА лигата Оклахома Сити Тандер ја оствари 13. победа по ред и вкупно 19. во сезоната откако утринава славеше во дербито со Голден Стејт со 124-112.

Иако по првото полувреме имаше водство од 19 разлика, шампионот ја преживеа фантастичната трета четвртина на домашниот тим во која Вориорс постигнаа 44 поени. Домаќините во последниот квартал дури и поведоа со четири разлика (103-99), но по 107-106 за Голден Стејт, Оклахома го затвори мечот со 18-6 и стигна до нов триумф со кој се бетонира на првото место во Западната конференција.

Шеј Гилџес Александер со 38 поени го предводеше гостинскиот тим, а на ниво беа и Вилијамс кој постигна 22 и Холмгрен со 21 поен.

Подзиемски го предводеше Голден Стејт со 17 поени, но навивачите на поранешниот шампион се загрижени поради состојбата на Стеф Кари кој денеска постигна 14 поени, а играше само 18 минути. Тренерот Стив Кери по мечот изјави дека тој нема да патува на турнејата низ Источната конференција и ќе добие одмор од една недела бидејќи се чувствува изморен.

РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Вашингтон 121-102
Торонто – Портланд 121-118
Бостон – Њујорк 123-117
Њу Орлеанс – Минесота 142-149
Сан Антонио – Мемфис 126-119
Голден Стејт – Оклахома 112-124