Србија се врати од -6 и ја победи Шпанија!

Женската ракометна репрезентација на Србија извојуваше голема победа на Светското првенство откако ја совлада Шпанија со 31-29 и направи сериозен чекор кон четвртфиналето.

Шпанија беше лидер од претходната група и фаворит во дуелот со Србија, Шпанките во текот на второто полувреме од овој меч неколкупати имаше предност од шест разлика, но таа се стопи.

Беше 26-20 за Шпенија кога почна една неверојатна серија на Србија од 8-1 за комплетен пресврт и водство од 28-27. До крајот на мечот успеаа да ја сочуваат предноста, да додадат уште еден гол и да победат со 31-29.

Најефикасна ракометарка на Србија на овој меч беше Јована Јововиќ која постигна седум голови.

До крајот на оваа фаза Србија има уште два натпревари, во моментов се на делба на второто место со четири бода, но Германија, Црна Гора, Фарски Острови и Исланд имаат меч помалку.