Скандал на Островот: На аеродром уапсен екс-репрезентативец на Англија

Медиумите на Островот пишуваат за нов скандал на повидок откако поранешен репрезентативец бил уапсен поради обид за силување.

Името на фудбалеот не се открива, но се наведува дека ги бранел боите на Англија во минатата деценија, а бил приведен на аеродромот „Станстед“, објави „Сан“.

Во текстот се наведува дека неговото име не може да биде објавено од правни причини.

„Маж е уапсен поради соменвање за обид за силување и пуштен со кауција до крајот на февруари 2026 година додека трае истрагата“, соопшти портпаролот на полицијата Есекс.

Наводно фудбалерот бил запрен од граничната полиција на контролниот пункт за пасоши пред да се качи на планираниот лет.