Драма во Истанбул: Дуран во 95. минута го спаси Фенербахче од пораз (ВИДЕО)

Дербито меѓу Фенербахче и Галатасарај во 14. коло од турскиот шампионат заврши без победник (1-1).

Гостите беа пред победа во една од најжестоките пресметки во светот на фудбалот, но Фенербахче успеа да се спаси во судиското надополнување со погодокот на Џон Дуран.

Галатасарај до водство стигна преку Лирој Сане во 27. минута, додека домаќинот изедначи кога Левант Мерџан испрати одличен центар-шут, а потоа Дуран со глава го матира голманот на ривалите за конечни 1-1.