Распад-систем во Мадрид: Ѕвезда на Реал го напушта тимот поради Алонсо!?

Реал Мадрид се соочува со големи проблеми затоа што една од ѕвездите, Федерико Валверде се заканил дека ќе го напушти клубот ако не си замине тренерот Чаби Алонсо.

Валверде има договор со „кралевите“ до 2029 година, но тоа нема да го спречи да побара трансфер во Англија затоа што е во лоши односи со Алонсо.

Неколку гиганти покажаа интерес за Алонсо, а еден од најсериозните кандидати за неговиот потпис е Манчестер јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ за трансферот на Валверде ќе мора да платат околу 120 милиони евра.

Фото: Real Madrid/Facebook