Хаос уште на загревањето: „Искри“ меѓу фудбалерите на Фенербахче и Галатасарај (ВИДЕО)

Фенербахче и Галатасарај го играат дербито од 14. коло во турската Суперлига, а уште на загревањето се случи инцидент.

Секоја средба меѓу Фенербахче и Галатасарај поминува во напната атмосфера, а фудбалерите буквално водат „војна“ на теренот.

Фудбалерите на двете екипи направија хаос на теренот уште на загревањето, откако паднаа навреди на двете страни, но за среќа беше избегнат посериозен инцидент.