Флик си избра засилување, сака Хрват кој е желба на повеќе гигнати
Вушовиќ кој има 18 години настапи и во вчерашниот натпревар кој неговиот тим го играше против Штутгарт. Според информациите од германските медиуми, Барселон во овој момент има предност во однос на конкурентите.
„Повеќе големи клубови покажаа интерес за неговите услуги, псобено Барселона, која дефинитивно сака да ја засили одбраната за наредната сезона и сериозно го разгледува Вушковиќ. Иако каталонците предност им даваат на левоноги стопери, Хрватот и понатаму е на нивниот радар, доколку Тотнем биде подготвен за преговори“, пишуваат Германците.
Од ХСВ не криеат дека би сакале да го задржат Вушковиќ и следната сезона. Во трката за неговите услуги се вмешала и Борусија Дортмунд, но конечната одлука ќе ја има Тотнем, кој ги поседува неговите права и од овој клуб настапува како позајмен фудбалер во Бундеслигата.