„Винисиус и Нејмар немаат загарантирано место за настап на СП 2026“

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти кажа дека никој нема обезбедено место во репрзентацијата за настап на Светското првенство (СП) во 2026 година.

Анчелоти во интервју за „Рекорд“ кажа дека Винисиус Жуниор и Нејмар мора да бидат во најдобра физичка форма ако сакаат да настапат на Мундијалот.

„Мора да бидат подготвени. Има многу фудбалери со голем квалитет и морам да ги изберам најдобрите. Не станува збор само за Нејмар, може да биде Винисиус. Ако се на 90 отсто подготвеност, а некој е на 100 проценти, тогаш него ќе го повикам“, кажа Анчелоти.