Како НФЛ го уништи Реал Мадрид...
Оттогаш шпанскиот гигант одигра пет натпревари, а оствари само една победа и тоа во Лигата на шампионите, против Олимпијакос. Сите пет натпревари ги одигра на гости, а серијата ќе заврши в среда против Атлетик Билбао на Сан Мамес.
Поради гостувањето на НФЛ на „Бернабе“, Реал мораше да направи промена во распоредот и да се откаже од еден меч на домашен терен, но тоа се случи во најлош можен период, кога имаше две гостувања и во Лигата на шампионите, па денеска се навршува еденј месец од последниот натпревар на својот стадион. Со тоа и почна криата на екипата која одигра три нерешени меча во Ла Лига и не само што ја загуби предноста во однос на Барселона, туку и падна на втората позиција на табелата.
Да не се случеше НФЛ натпреварот во Мадрид, Реал ќе можеше да одигра барем еден натпревар на домашен терен и колку-толку да ја прекине лошата серија. Вака, останува катастрофалниот период кој ако не заврши со победа во Билбао, се заканува тотално да му ја уништи сезоната на „кралскиот клуб“.
И Барселона ја почна сезоната со три натпревари на гостински терен поради реконструкцијата на Камп Ноу и освои седум од можните девет бода, киксирајќи само кај Рајо Ваљекано.