Гвардиола троши 115 милиони евра за еден од најдобрите фудбалери на Островот

Поранешниот англиски шампион Манчестер сити сака да ангажира уште едно скапо засилување, а тоа Елиот Андерсон од Нотингем Форест.

Скаутите на „граѓаните“ го следат талентираниот фудбалер веќе некое време, но за неговиот трансфер ќе треба да платат 115 милиони евра.

Андерсон пристигна во Нотингем Форест на почетокот на 2024 година за 40 милиони евра, а притоа настапи на 59 меча и постигна три гола и седум асистенции.