Фудбалерките до 19 години ремизираа со Словенија и се пласираа во „Лига А“

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години денеска со ремито во Словенија го обезбеди пласманот во „Лига А“ во квалификациите за Европското првенство.

Словенија во денешнот натпревар во Струмица прва дојде до водство со голот на Шпела Гербец, но Македонија брзо возврати и пет минути подоцна дојде до израмнување. Во продолжение резултатот не се промени, па двете селекции освоија по бод.

Бодот за Македонија беше доволен да остане на првото место пред Словенија која исто така има седум бода. Во претходните две кола нашите фудбалерки славеа победи на Грузија (3-0) и Азербејџан (3-1).