ФФМ потврди: Милевски замина во историја, Македонија со нов селектор ќе брка СП!

Oд денеска Благоја Милевски и официјално веќе не е селектор на македонската фудбалска репрезентација, неговиот договор истече, а од федерацјата потврдија дека нема да биде продолжен.

Милевски ја предводеше Македонија на вкупно 48 натпревари во кои остави 18 победи, 14 нерешени натпревари и забележа 16 порази. Исто така се избори за два мундијалски баражи, а во претходниот игравме финале против Португалија откако ја елиминиравме Италија.

„Искрена благодарност до Благоја Милевски и неговиот стручен штаб за досегашната посветена работа, професионалната соработка и постигнатите резултати.

Му посакуваме здравје и многу успех во понатамошната тренерска кариера“, стои во објавата на ФФМ на социјалните мрежи.