Грандиозно Ф1 финале – ова се опциите за тројцата мускетари кој како ќе може до титулата!
Во моментов во генералниот пласман води Ландо Норис (Мекларен) со 408 поени, зад него е актуелниот првак Макс Ферстапен (Ред Бул) со 396 поени, а трет Оскар Пјастри (Мекларен) со 392 поени. Феноменалниот камбек на холандскиот четирикратен првак ја претвори борбата од дуел во тројна битка, а в недела се делат максимум 25 поени – што отвора можност за „трка без правила“, сценарио кое Формула 1 го има видено и порано, ама не во последните 15-тина години
Норис има најдобра стартна позиција, бидејќи ќе дојде до титулата ако заврши најмалку на третата позиција на патеката „Јес Марина“. Тој би славел и ако финишира четврти или петти, но во тој случај Ферстапен не смее да биде победник, а дури и со шеста позиција би дошол до трофејот само ако двајцата конкуренти не победат.
На Ферстапен само победата му гарантира шанса за петта светска круна и тоа само ако Норис не се најде меѓу првите тројца. Холанѓанецот може и како втор до титулата, но тогаш Ландо смее да биде најмногу осми, а Пјастри да не е меѓу првите двајца на трката. Дури и третата позиција може да биде среќна за Макс, но за тоа ќе му треба чудо — Пјастри да не победи, а Норис да биде надвор од првите осум.
Пјастри има најтешка, но најјасна мисија, со оглед што останува во игра само ако победи или е втор. Ако триумфира во Абу Даби, за титулата му треба Норис да не заврши во топ 5, додека пласманот на Ферстапен не е важен, а ско е втор, ќе се надева Макс да биде надвор од најдобрата тројка, а Ландо да не биде подобро пласиран од десеттото место.
Квалификациите за феноменалниот викенд во Обединетите арапски Емирати (ОАЕ) ќе се возат в сабота (16 часот), а трката е в недела од 15 часот.