Македонија има мајсториште за бранење пенали - Иван Галевски! (ВИДЕО)
Феноменалниот голман минатата година на екипата од Автокоманда ѝ го донесе пехарот во Купот на Македонија, откако во финалето одбрани два пенали.
Галевски донесе нов голем успех за Алкалоид на дуелот против Рунар, откако во последната секунда од регуларниот дел одбрани со шпага, а потоа беше неверојатен и запред три удари од седум метри на ривалите за радост на скопскиот гигант и пласман во финале на Европскиот Куп.
Македонскиот голман не запре таму затоа што потоа блесна и против грчки АЕК во Атина, каде што Алкалоид славеше со 29-25, а еден од најзаслужните беше токму Галевски со пет одбранети пенали за едно полувреме.
Младото момче продолжи во идентичен ритам и оваа сезона во дресот на Алкалоид, а со тоа уште еднаш потврди дека е мајстор за бранење пенали.
Фото: RK Alkaloid