Илиевски: Сите имаат заслуга за победата, од тој со најголема минута, до тие што не играа

Македонската кошаркарска репрезентација го почна својот поход кон враќањето во европската елита откако по првите два претквалификациски дуела оствари убедливи победа и застана на чело на табелата во своја група.

По триумфот против Азербејџан, синоќа беше совладана Ирска во меч кој нашиот тим лошо го почна, имаше голема негатива, но успеа да го сврти и да го добие. Селекторот Марјан Илиевски е задоволен од исходот иако е свесен дека има уште многу работи кои треба да се поправат во нашата игра.

„Сакам да им честитам на играчите, бидејќи од една негатива и од лош почеток се вративме во втората четвртина, дури и завршивме со два поена предност за нас. Веќе од третата четвртина покажавме еден поинаков карактер каде немавме, односно не дозволувавме разлика која се правеше претходно, а изразена со десетина поени. Игравме 'кош за кош' одговоривме на најдобар можен начин на агресивната игра на Ирците. Имавме проблем со офанзивниот скок на Ирска во текот на целиот меч. Не натскокаа и тие поени што беа од втора шанса, вкупно 20, направија ривалот да биде во таа минимална предност претходно“.

Ова е голема гостинска победа. Игравме во Даблин по меч по кој бевме три дена заедно, се рехабилитиравме на тој тренинг што ни беше дозволен. Го сработивме она кое го посакувавме и среќен сум и горд на играчите, од прв до последен. Од оној што имаше најголема минутажа, до хемијата, но и до оние кои не влегоа да игра и беа со тимот. Сите си беа поддршка еден на друг“, рече Илиевски.

Претквалификациите продолжуваат во февруари и март кога Македонија прво го пречекува Луксембург, а потоа гостува во Азербејџан.