Завршува мексиканската авантура за Серхио Рамос, ама не и неговата кариера

Шпанската фудбалска легенда Серхио Рамос полека ја завршува својата епизода во Монтереј, како и со мексиканскиот фудбал.

Тој објави и потврди дека нема да остане во тимот по завршувањето на Апертура, што значи дека ќе ја заврши оваа календарска година во Монтереј, а потоа ќе бара нов клуб.

Дали планира да ја заврши кариерата? Одговорот е - не. Серхио Рамос сака да продолжи да игра, медиумите во Шпанија дури срамежливо зборуваа за неговото потенцијално враќање во Кордоба, но на Рамос ќе му биде тешко да прифати покана од Сегунда бидејќи верува дека сè уште има многу да понуди. Со 39 години тешко дека има многу квалитетни опции пред него, но не е исклучено повторно да заигра во татковината.