На Партизан му се заканува распад ако Обрадовиќ си замине
И натаму не е познато дали Жељко Обрадовиќ ќе остане на клупата на Партизан, но можеби пораката на Исак Бонга може да влијае врз него да се врати на тренерската позиција на црно-белите. Според грчкиот портал Спорт24, Бонга јасно ставил до знаење дека на планира да остане ако на клупата не биде трофејниот стручњак поради кого и дојде лани во Белград.
Одлуката во врска со Жељко Обрадовиќ треба да се донесе во сабота, за кога е закажан последниот состанок меѓу клубот и тренерот. Бонга моментално има просек од 8,2 поени, 5,4 скока и 1,2 асистенции за помалку од 27 минути игра во Евролигата.