Младите португалски фудбалери станаа светски шампиони (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Португалија до 17 години успеа да слави против Австрија со 1-0 и да стане светски шампион во фудбал.

Победата беше обезбедена со единствениот гол на Анисио Кабрал, кој ја затресе мрежата на Австрија во 32. минута.

Австрија не успеа да одговори до крајот на средбата и да постигне погодок, па мораше да се задоволи во втората позиција на Мундијалот.

 Фото: Facebook/Seleções de Portugal