Колку и да е добар, Гринвуд нема да игра за Англија - одбрал друга репрезентација!
Фудбалерот е свесен дека колку и да игра добро, нема да добие повик од англиската репрезентација.
Тој има пасош од Јамајка и од оваа земја сакаат да го повикаат за настап на престојниот бараж за Светското првенство.
Гринвуд би го прифатил повикот, но „Атлетик“ пишува дека неколку фудбалери на Јамајка не се согласуваат со оваа идеја.
Тие не сакаат Гринвуд да биде дел од селекцијата сега бидејќи ги одбил на почетокот од квалификациите.
Ако преовлада разумот кај фудбалерите во Јамајка ќе сфатат дека за нив е подобро Гринвуд да игра бидејќи тоа ќе им ги зголеми шансите за настап на Мундијалот.