Мбапе во атак на рекордот на Роналдо: На пола пат е, а има уште најмалку пет натпревари
Во моментов е на првото место со девет гола, три повеќе од најблискиот следбеник (Виктор Осимен). Интересно е тоа што деветте гола, Мбапе ги постигна на само три меча, два реализира против Марсеј, три против Каират и четири синоќа со Олимпијакос.
Со овие девет погодоци, Французинот е на пола пат до соборување на рекордот по бројот на постигнати голови во една сезона во Лигата на шампионите. Тој е сопственост на Кристијано Роналдо, изнесува 17 и е од сезоната 2013/14.
Мбапе има уште најмалку пет натпревари за да го собори овој рекорд бидејќи остануваат уште три кола од главната фаза и потоа барем два од осминафиналето каде Реал има големи шанси да се пласира. Ако не оди меѓу 16. најдобри, шпанскиот гигант секако ќе игра плејоф што е дополнителна шанса за Мбапе да го зголеми своето салдо. До крајот на лигашката фаза, Реал игра со Манчестер Сити, Монако и Бенфика, а потоа ќе го дознае својот ривал во следниот сегмент.