Пред мечот со Олимпијакос, Алонсо зборуваше за неговиот однос со Винисиус!
Често се пишува дека односот меѓу Винисиус и Алонсо не е најдобар и Бразилецот е еден од фудбалерите кои сакаат шпанскиот стратег да си оди од Реал Мадрид.
Но, Алонсо ги негира ваквите информации.
„Мојот однос со Вини е многу добар. Тој е клучен играч за нас и кога тој е среќен и се забавува, тоа секогаш е одлично за тимот“, вели Алонсо.
„Ние имаме меѓусебна доверба, зборуваме пред секој меч, тој знае што јас мислам, јас знам што тој мисли“.