Драма на Кипар, Пафос во последните моменти се спаси од пораз против Монако! (ВИДЕО)
Монако имаше фантастичен влез на мечот, постигна гол преку Минамино уште во петтата минута од натпреварот.
Но, предноста на францускиот тим не траеше долго, Давид Луиз постигна одличен гол со глава во 18. минута и израмни на 1-1.
Монако брзо го врати водството, во 26. минута по една катастрофална грешка на голманот на Пафос, Балоган погоди за предност од 2-1 за Монако.
Пафос напаѓаше барајќи израмнување, тоа се случи во 88. минута кога топката од пречката го удри несреќниот Салису кој си постигна автогол за конечни 2-2.
Интересно беше во Данска каде Копенхаген со 3-2 славеше над Каират Алмати.
Данскиот тим имаше предност од 3-0, но на крајот стравуваше дали воопшто ќе победи.
Дадасон, Ларсон и Роберт донесоа убедлива предност. Тој резултат траеше до 81. минута кога Сатпаев погоди за 3-1, а Бајбек во 90. минута реализираше за конечни 3-2.