Кејн ја разочара Барселона, Англичанецот знае што сака!

Барселона сака идното лето да го купи Хари Кејн, но англискиот напаѓач не ни помислува на заминување од Баерн Минхен.

Во Барселона се навикнати лесно да ги остваруваат трансфер желбите, но има клубови кои се на исто ниво по атрактивност, па не е лесно да се добие играч од Баерн Минхен кога тој е среќен таму. Таква е ситуацијата со Кејн.

„Гласините за Барса? Јас сакам подолго да останам во Баерн. Начинот на кој играме сега, мислам дека сме еден од најдобрите тимови во Европа, тоа е сигурно“, вели Кејн.

„Не гледам кон ниту еден друг клуб, ниту размислувам за такво нешто, сакам да бидам тука. Навистина сум среќен тука. Имам уште 18 месеци од договорот и сигурен сум дека наскоро ќе имам разговори за иднината“.