Пелистер без Хаидарирад против Европскиот шампион!
На неколку часа пред почетокот на натпреварот од Пелистер информираат дека поради вирус, Саид Хаидарирад ќе го пропушти вечерашниот натпревар против Магдебург.
На негово место во составот е младиот македонски голман, Давид Брестовац.
Магдебург во Битола пристигна со максимален учинок, осум победи од исто толку натпревари, па јасно е дека на Пелистер ќе му треба чудо за да го запре налетот на германскиот тим.