Ренџерс му носи конкуренција на Миовски - доаѓа нов напаѓач во Глазгов!?

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски наскоро би можел да добие конкуренција во нападот на Ренџерс, затоа што шкотскиот гигант решил во јануари да купи нов напаѓач.

Миовски по доаѓањето во Ренџерс настапи на 15 меча во сите натпреварувања, а притоа постигна два гола и една асистенција, меѓутоа тоа не било доволно да го задоволи стручниот штаб на поранешниот шампион.

Шкотските медиуми пишуваат дека Ренџерс во јануари ќе му донесе конкуренција на Македонецот, но засега не се откриваат имиња на потенцијални засилувања.

Македонскиот напаѓач претходно играше за Жирона до почетокот на оваа сезона, по што за трансфер од 4,2 милиони фунти се пресели во Глазгов.