Вардар подготвува две бомби - доаѓаат засилувања од Бенфика и Динамо!?
Едно од новите засилувања на „црвено-црните“ треба да биде 30-годишниот Никита Ваилупау од редовите на Бенфика. Белорусинот претходно играше и за Веспрем, Мешков Брест, СКА Минск и Динамо Минск, а исто така член е на репрезентацијата.
Јоав Лумбросо треба да биде второто засилување за Вардар од редовите на Динамо Букурешт. Израелскиот ракометар претходно играше за Бенфика, Лимож и други екипи.
Вардар очигледно за следната сезона планира да создаде моќен тим кој ќе може да се бори за пехари и на европската сцена.
Фото: EPA