Се извини за глупавиот црвен картон, ама тешко дека може нешто да го испере

Евертон го победи Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд, но моментот што ќе се памти од тој меч е црвениот картон на Идриса Гана Геје за инцидентот со соиграчот Мајкл Кин.

Сенегалецот го удри Кин, за што веднаш беше исклучен. Геје веднаш по натпреварот проговори и им се извини на сите, особено на Кин.

„Пред се, сакам да му се извинам на Мајкл Кин. Ја преземам целосната одговорност за мојата реакција. Исто така, би сакал да им се извинам на моите соиграчи, тренерскиот штаб, навивачите и клубот. Она што се случи не го одразува тоа што сум јас или вредностите за кои се залагам. Емоциите можат да зовријат, но ништо не го оправдува ова однесување. Бидете сигурни, ќе направам сè што можам за да се осигурам дека ова нема да се случи повторно“, порача Геје

Евертон го победи Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд со 1-0, иако играше без Гаје, кој беше исклучен од 13. минута.