Ништо не е проблем за Јокиќ – тројца од центар, трипл дабл за само 30 минути во игра (ВИДЕО)

Денвер Нагетс се врати на победнички патеки откако ноќеска славеше на гостувањето кај Мемфис со 125-115.

Никола Јокиќ не беше на своето вообичаено ниво, но на теренот помина само 30 минути и за тоа време покажа зошто е најдобар во НБА. Успеа да погоди тројка од центар во последните секунди од третата четвртина, а дојде и до трипл дабл иако далеку од најдобрите бројки.

Нагетс славеа со половина сили, а Јокиќ стигна до својот 10. трипл-дабл во сезоната. За 30 минути игра, постигна 17 поени со десет скока и 16 асистенции. Не беше најефикасен, но целиот тим живееше од неговите додавања.

Двете магии на Србинот, кога прво го мина Вотсон со додавање одзади, а потоа и Мареј за лесни поени, значеа дека натпреварот е завршен. Покрај брилијантниот Јокиќ, најефикасни беа Џамал ​​Мареј со 29 поени, додека Пејтон Вотсон имаше два помалку. За Мемфис, најдобар беше Џок Лендејл со 26 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Детроит 117-122
Торонто – Кливленд 110-99
Бруклин – Њујорк 100-113
Мајами – Далас 106-102
Мемфис – Денвер 115-125
Милвоки – Портланд 103-115
Њу Орлеанс – Чикаго 143-130
Феникс – Хјустон 92-114
Голден Стејт – Јута 134-117
Сакраменто – Минесота 117-112