Пелистер ја продолжи лузерската серија - петти пораз во последните шест меча!
Гостиварци на овој меч првпат ги водеше новиот тренер Александар Петровиќ и направија големо изненадување, совладувајќи го фаворитот, не само на денешниот натпревар, туку и во првенството. Триумфот е апсолутно заслужен ако се знае дека домаќинто водеше безмалку цел натпревар, на моменти и со 16 поени разлика.
Пелистер водеше само со 4-2 и 8-7, а потоа Гостивр ја презеде иницијативата и не ја испушти до крајот. Пред крајот на првата четвртина беше 19-10, во 12. минута домаќините водеа со 25-15, а највисоката предност ја забележаа на четири минути пред крајот на третиот период кога поведоа со 60-44. Во последниот квартал Пелистер се закани дека ќе направи пресврт, се доближи на четири разлика, Лука Стојановски во последниот напад намали и на три, но време за пресврт немаше.
Повторно Абрам беше најефикасен кај Гостивар, со 22 поена, Елерби оствари дабл дабл со 17 поени и 11 скока, а Карахоџиќ реализира 19 поени. Андреј Митревски со 23 поени го предводеше Пелистер за кого ова е втор пораз во првенството, но петти во последните шест меча во сите натпреварувања.