Погба му се врати на фудбалот по 811 дена (ВИДЕО)
Искусниот играч за врска го одигра својот прв натпревар по 3 септември 2023 година, во поразот од 4-1 од Рен. Погба мораше да паузира откако во 2023 година имаше позитивен допинг тест на забранета супстанца што го зголемува нивото на тестостерон. Французинот тврдеше дека ненамерно ја проголтал забранетата супстанца, преку додатоци за кои верувал дека се безбедни.
Италијанската антидопинг агенција му изрече четиригодишна забрана во февруари 2024 година, но Судот за спортска арбитража (CAS) подоцна ја намали казната на 18 месеци, дозволувајќи му да се врати од март 2025 година. Летово тој потпиша со Монако и откако ги помина подготовките, доби шанса да заигра.
Денеска влезе во игра во 85. минута кога резултатот веќе беше 4-0 за Рен, но утеха за Погба е тоа што тимот успеа да го намали дефицитот откако тој се појави на теренот.