Алкалоид со убедлив триумф се загреа за дербито во Битола

Поранешниот освојувач на Купот на Македонија, Алкалоид конечно го прекина лошиот период откако вечерва триумфираше против Тиквеш на домашен терен со 33-24.

Иако екипите се една по друга на суперлигашката табела, евидентна беше квалитативната разлика меѓу нив и покрај тоа што Тиквеш до овој меч се наоѓаше во серија од четири победи. Кавадарчани добро парираа во првото полувреме, имаа водство и од два разлика во финишот (12-10), а на голем одмор се замина со предност на домашниот тим со 14-13.

Победникот беше решен по серијата на Алкалоид со 5-0 на почетокот од вториот дел по што екипата од Автокоманда поведе со 21-15. Во последните минути домаќините имаа и двоцифрена предност (30-20) и без поголеми проблеми стигнаа до бодовите на овој меч.

Костески го предводеше Алкалоид со шест гола, додека Цветковски и Ахмед кај Тиквеш постигна пет. Во следното коло скопскиот тим го очекува дерби на гости кај Пелистер.