Охрид со +42 во осминафиналето од ЕХФ Европскиот куп
Откако минатата недела на домашен терен славеше против Босанците со 37-19, вечерва нашиот тим победи со 42-18 и со вкупно 42 разлика го елиминира својот ривал што е еден од најдобрите настапи во историјата на македонскиот ракомет. Уште во Охрид пред седум дена беше јасно дека македонскиот претставник ќе продолжи во следната фаза, но денеска сето тоа доби потврда.
Охрид отвори со 9-2, во 19. минута првпат имаше двоцифрена предност (19-9), а пред полувремето поведе и со 13 гола разлика (19-6). Разликата се зголемуваше речиси со секој нов напад, до највисоките +25 (42-17) на влезот на последната минута.
Давид Савревски со девет гола од девет шута беше најефикасен во тимот на Охрид, а зад него беше Николаос Лијапис со пет гола. Со овој триумф Охрид си обезбеди презимување на европска сцена бидејќи осминафиналето се игра дури во февруари.