Прослава на „Диего Марадона“ во чест на Елиф Елмас (ВИДЕО)
Во центарот на вниманието беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој не е во почетната постава на Наполи, но клубот го одбележа неговиот 200. настап во дресот на актуелниот шампион на Италија кој, всушност, го забележа на претходниот меч против Болоња. Елмас играше за Наполи во периодот од 2019 до 2024 година, а се врати пред почетокот на оваа сезона откако претходно настапуваше и за Лајпциг и Торино.
На овие 200 натпревари, Елмас постигна вкупно 19 гола, но оваа сезона се уште го чека првиот погодок во дресот на Наполи.