Работнички прокоцка плус 15 и аматерски загуби од Феникс (ФОТО)
Домаќините беа подобар противник на паркетот и во најголем дел од средбата имаа предност, а дуелот го отворија со 10-0. Сепак, Феникс се врати и до крајот на првата четвртина израмни на 15-15.
Работнички ја врати предноста во вториот период и на одмор замина водство од девет поени (34-25). Растеше предноста на тимот од Градски Парк и до највисоки 15 поени (47-32). но тој моментк ако да беше аларм за гостите. Кои почека почнаа да ја топат негативата и во последниот одлучувачки период влегоа со „минус девет“ (57-48).
Добрата игра на Феникс продолжи и четвртата четвртина, па така по подолго време поведоа со 61-59. Завршните минути донесоа драма која се решаваше во последните секунди. Работнички ја врати предност, но Феникс со поени на 43 секунди одново поведе со 67-66, по што следеше тајм-аут за домашниот состав.
Сепак, тоа не помогна Работнички да го избегне вториот пораз во низа откако во минатото коло беа поразени и од Маџари.




