Хрватски фудбалери извадиле возач од запален автомобил – го спасиле од сигурна смрт (ВИДЕО)

Тројца фудбалери на хрватскиот нисколигаш Ускок Клис станаа херои на денот, откако извлекоа возач од запален автомобил и му го спасија животот.

Несреќата се случила синоќа околу 22 часот во близина на Масленица, околу 30-тина километри од Задар. Иља Ступало, Игор Врвило и Јосип Зељковиќ по нивниот гостински натпревар во Ждралови се нашле на местото на тешката сообраќајна несреќа. Според Далматински портал, автобусот на Ускок бил удрен од патничко возило, кое продолжило неконтролирано да се движи и набргу потоа се запалило. Додека огнот брзо се ширел и го зафаќал целото возило, тројцата фудбалери успеале навреме да го извлечат возачот непосредно пред автомобилот целосно да изгори. Благодарение на нивната брза реакција и храброст, избегната е трагедија со смртни последици.

Медицинските екипи пристигнале навреме, но според првичните информации, животот на возачот бил спасен пред сè поради херојската интервенција на играчите на Ускок.