Сега е официјално: Никола Јокиќ дефинитивно не е од оваа планета (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ, повторно беше во центарот на вниманието, откако во ноќешниот меч против Хјустон Рокетс (112-109) го „затрупа“ кошот на ривалот, при што оствари и спектакуларно забивање преку двајца играчи и беше на чекор до трипл-дабл учинок.

Иако статистиката го забележа неговиот доминантен настап, највпечатливиот потег на натпреварот воопшто не влезе во бројките. На средина од третата четвртина, Јокиќ проби кон рекетот, привлекувајќи ја одбраната на Адамс и Смит. Во истиот момент забележа дека Брус Браун е целосно ослободен во аголот и му додаде топка на неверојатен, речиси акробатски начин.

За жал, Браун го промаши шутот за три поени и го лиши Јокиќ од можно најдобрата асистенција на сезоната – момент што сигурно ќе се раскажуваше до крајот на првенството, а и ќе го потврдеше тоа што веќе сите го знаат - .дека Србинот не е од оваа планета.