Зарем ова е еден од најдобрите во историјата? Хамилтон последен во Лас Вегас!

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ја имаше најлошата квалификациска сесија во својата долгогодишна кариера, завршувајќи последен во квалификациите за Големата награда на Лас Вегас.

Ова е првпат Британецот да го заземе последното место исклучиво поради недостаток на брзина, без технички дефекти или инциденти. Хамилтон, кој вози за Ферари, очигледно имаше проблеми на влажната улична патека во „Градот на гревот“. Дополнително, малерот целосно го следеше - не го заврши клучниот летечки круг поради жолто знаме во 14. свиок, а и конус заглавен во предниот дел од болидот дополнително го успори.

Последен пат Хамилтон завршил квалификација на последното место во 2017 година во Бразил, но тогаш поради удирање во ѕид во првата брза обиколка, што го остави без време во сесијата. И покрај тоа, тогаш успеа да се пробие до четвртата позиција во трката.

ФОТО: X / @F1