Пол позиција за Норис на дождот во Лас Вегас, Ферстапен ќе биде веднаш до него!

Актуелниот лидер оваа сезона, Ландо Норис имаше најдобро време во квалификациите за трката за Големата награда на Лас Вегас, тој ја освои Пол Позицијата во последните моменти пред Макс Ферстапен.

Квалификациите беа возбудливи, летечкиот Холанѓанец беше на првото место само неколку моменти пред Норис да го помести на втората позиција.

На третото место заврши Саинц, до него ќе стартува Расел, а во топ десет беа и Пјастри, Лаусон, Хаџар, Леклер и Гасли.

Условите на дождот во Лас Вегас беа исклучително тешки, по трката тоа најдобро го пренесе Норис.

„Беше проклето стресно. Беше прилично гадно, веројатно едни од најлошите услови, ако не и најлошите. Беше многу лизгаво, многу тешко“, изјави Норис по квалификациите.

Неговото мислење го делеше и Макс Ферстапен.

„Беше навистина лизгаво, не забавно. Не ми пречи да возам по влажно, но ова беше премногу за мене. Мора да се биде исклучително внимателен и искрено сум изненаден што немаше премногу инциденти. Сите беа внимателни, можеби се плашеа“, рече Ферстапен.

Временската прогноза е добра, дождот во Лас Вегас кој врне речиси цела недела, се очекува да престане пред трката.