По долго време Барса се врати дома - денеска игра на Камп Ноу! (ВИДЕО)

По долго време Барселона повторно ќе игра на својот стадион, денеска на Камп Ноу ќе го пречекаат тимот на Атлетик Билбао во меч од Ла Лига, дуелот почнува од 16:15 часот.

Камп Ноу сѐ уште се реновира, од таа причина и нема да биде во полн капацитет, но за Барселона е важно што повторно ќе игра во својот дом.

На дресовите со кои ќе настапат денеска ќе пишува: „Дома сме“.